Понеделник 13 април неработен ден – Еве кога се останатите денови

ИЗВОРНов лист
|

Понеделник (13 април), вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството, на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честитаат големиот христијански празник Велигден.

Ова е целосната програмата на неработни денови за 2020 година, во согласност со Законот за празниците.

Неработни денови во 2020 година се:

За сите граѓани на РМ: 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар; 1 мај (петок), Ден на трудот; 24 мај (недела) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден; 24 мај (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден; 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден; 8 септември (вторник), Ден на независноста; 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден; 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба; 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

За граѓаните од православна вероисповед: 17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден; 5 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден; 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица);

За граѓаните од католичка вероисповед: 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден; 1 ноември (недела), Празникот на сите светци; 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед: 31 јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука.За
граѓаните припадници на ромската заедница во РМ: 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ: 23 мај (сабота), Национален ден на Власите. За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците. И за граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.