Понеделник, 8-ми април е неработен ден

|

Министерството за труд и социјална политика соопши дека согласно Законот за празниците, 8 април (понеделник), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија.

Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија им го честитаат Меѓународниот ден на Ромите.

Погледнете ја листата на сите неработни денови во оваа 2019 година и дознајте кога е следниот неработен ден:

За сите граѓани на РМ: 29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 1 Мај (среда), Ден на Трудот, 23 мај (четврток), првиот ден на Рамазан Бајрам, 24 Мај (петок), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, 2 Август (петок), Ден на Републиката, 8 Септември (понеделник), Ден на независноста, 11 Октомври (петок), Ден на народното востание, 23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба, 8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

За граѓаните од православна вероисповед: 26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), За граѓаните од католичка вероисповед, 21 април (недела), Велигден-Католички, 1 Ноември (петок), Празникот на сите светци, 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед: 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука. За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ: 8 Април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите. За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ: 23 Мај (четврток), Национален ден на Власите. За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.