Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 2 Мај 2022 година (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Македонија, им го честита Рамазан Бајрам.
Во продолжение прочитајте кои се и останатите неработни денови до крајот на годината:
За сите граѓани на РМ: 02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, 02 август (вторник), Ден на Републиката,
8 септември (четврток), Ден на независноста, 11 октомври (вторник), Ден на народното востание, 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден, 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед: 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед: 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци, 25 декември (недела), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед: 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука.
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ: 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите.
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.