Од третиот сет на податоци што го објави Државниот завод за статистика на полето на образованието, дознаваме дека во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста, регистрирани се 18.897 или 1.2 % неписмени лица.
Според полот можеме да кажеме дека меѓу неписмените побројни се жените, односно има 5.517 мажи и 13.380 жени. Без образование се 23.192 лица, додека 62.129 лица или 4.1 отсто од резидентоното население се со незавршено основно образование.
423.456 лица или 27.8 проценти се само со завршено основно образование, дури 45.174 лица или 3.0 % се со непозната школска подготовка.
672.375 лица или 44.1 отсто од населението се со средно образование, 263 349 лица или 17.3 проценти се со високо образование, 29.654 лица или 1.9 % се со магистратура.
Постојат 6.037 лица кои се со докторат.