Попладне доаѓа невреме во Македонија

|

Утре и во сабота ќе преовладува сончево и топло време. Од недела следува период на нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи.

Денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд. Попладне во западните и југозападните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи. Во останатите делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието на места засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена. Во Битола до 17 степени.