Најавен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Еве кога

ИЗВОРНов Лист
|

Времето денес сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. УВ = 8

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. T= 33 °C, P= 979 hPa, U= 38 %, V= 6 m/s.

Утре не очекува сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. УВ=9

Под влијание на влажен бран во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 20 л/м2) и значителен пад на температурата. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, појава на град и засилен ветер. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд, а од понеделник ќе биде постабилно со постепен пораст на дневните температури.