Попладнево земјотрес ја стресе источна Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Земјотрес ја стресе Источна Македонија. На 8 км од Пехчево денеска е регистриран земјотрес со јачина од 2.9 степени. Земјотресот бил на длабочина од 10 км.

Силен земјотрес со јачина од 5.1 степени според рихтер, со епицентар во градот Кожани во Грција завчера нешто пред 13 часот беше почувствуван и во Македонија.

Најсилно беше почувствуван во Битола, кој се наоѓа на 50-тина километри од границата. Епицентарот беше на длабочина од 2 километри.

Се создаде голем расцеп во земјата по серијата земјотреси (ВИДЕО)

Силниот тектонски потрес со јачина од 7,1 степен што во петокот ја погоди американската сојузна држава Калифорнија, само еден ден откако истото подрачје беше погодено од земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер, предизвикал расцеп во зоната на Малото езеро во долината Индиан Велс.

Сателитските снимки направени од компанијата „Планет лабс“ и фотографиите коишто на социјалните мрежи ги споделуваат жители на Калифорнија, покажуваат видлива пукнатина во пустината и на автопатот 178.

Станува збор за вториот силен потрес кој го погоди тоа подрачје за 48 часа. Епицентарот на потресот беше во близина на градот Риџкрест, околу 240 километри североисточно од Лос Анџелес.

Во тој град забележана е поголема материјална штета, а неколку лица се повредени. Луѓето во паника бегале на улиците, оштетени се куќите, зградите и јавните установи.

„Земјотресот беше десетпати посилен од оној ден претходно“, изјавија сеизмолозите.

Непосредната штета веднаш беше видлива, но она што ги изненади сите е променетиот изглед на тоа подрачје, пренесува „Си-ен-ен“.