Поплавени дел од просториите на КАРИЛ, пациентите се препраќаат во други болници

ИЗВОРНов Лист
|

Привремено е затворена Клиниката за ТОАРЛИУЦ-КАРИЛ, откако дел од просториите се поплавиле по вчерашното невреме, соопшти Министерството за здравство.

Официјално соопштение потпишано од министерот за здравство, Беким Сали стигнало до Клиниката.

Во писмото е наведено дека заради технички проблеми на единицата за интензивно лекување ЈЗУ УК ТОАРЛИУЦ КАРИЛ сите пациенти кои бараат интензивна нега и лекување ќе се препраќаат во неколку здравствени установи до санацијата на дефектот.

„Ве известуваме дека заради технички проблеми на единицата за интензивно лекување ЈЗУ УК ТОАРЛИУЦ КАРИЛ, сите пациенти кои бараат интензивна нега и лекување ќе се препраќаат во следните јавни здравствени установи, се до санација на дефектот: пациентите од Скопје во ГОБ „8 Септември” и КБ „Наум Охридски”; пациентите од источна Македонија во КБ Штип; пациентите од централна Македонија во КБ Битола; Пациентите од западна Македонија во КБ Тетово”, се вели во соопштението.