Обилните врнежи денес го погодиле северозападниот дел на БиХ, а во Приједор и Нови Град веќе се излеале локалните реки.
Реката Јошавка поради огромните количини на дожд кои паднале во попладневните часови се излеала на магистралниот пат Челинац-Прнјавор преку Стара Дубрава.
Неколку куќи биле поплавени во Приједор по облните дождови поради кои дошло до пораст на водостојот и излевање на реката Пухарска, која се влева во Сана.
Поплави има и во Урије, а реката Враголаваца се излеала во местото Јутрогошта и го пресекла локалниот пат. Мештаните ја спасуваат стоката од шталите во близина на оваа река.
Дождот почнал да паѓа во попладневните часови по што уследило и силно невреме проследени со грмежи. Германски “Blicortung” детектирал дури 4.000 грмотевици во Поткозарје, пренесува “Klix.ba”.
Се очекува врнежите во БиХ да престанат во вторник.