Попоски апелира на внимателност: Локално невреме, пороен дожд, силен ветер и појава на град

|

– Се очекува дестабилизирање на Атмосферата со што во Македонија се очекува и појава на локално невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и покрупен.

И во скопскиот регион можна е појава на локално краткотрајно невреме.

Апелираме на крајна внимателност во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења.

Инаку, температурите остануваат непроменети, односно останува топлиот Африкански бран во Македонија – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!