Семејството на познатиот актерски пар неодамна се проширило за уште еден член, наведуваат странските медиуми.
Актерката Блејк Лајвли го родила третото дете и тоа пред два месеци. Актерката и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс успеале информациите за породувањето да ги задржат во целосна тајност и засега не е познато дали во семејството пристигнало девојче или момче.
Веста за бременоста Лајвли со светот ја сподели на почетокот на месец мај на премиерата на еде филм, каде што го покажа трудничкиот стомак.
Фановите на актерскиот пар очекуваат наскоро Рајан и Блејк да го објават полот на нивното дете и неговото име.
Блејк и Рајан се во брак од 2012-та година и се еден од најомилените парови во Холивуд. Во нивниот брак досега имаат две ќерки.
Актерката пред неколку години во едно интервју зборуваше за родителството и во таа прилика изјави дека би сакала да има триесет деца доколку би можела.