Поради дефект дел од Скопје без вода

|

Прекин на водоснабдувањето од 12:30 часот ќе имаат дел од корисниците на улица „Наум Охридски” во населбата Црниче.

Од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје информираат дека корисниците ќе бидат без вода поради дефект на приклучна цевка од 3/4 на улица „Наум Охридски” бр. 13.

Поради дефект во шахта, исто така дел од Сопиште е со прекинато водоснабдување, соопштија од ЈП „Водовод и Канализација” – Скопје.

– Дефектот е во шахта на ул.23/33 Сопиште.Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот, стои во соопштението.