Поради дефект делови од Скопје и денеска без вода

|

Поради уличен дефект на ул.„Девол” 28 во населба Козле денеска од 12.15 часот е прекинато е водоснабувањето за корисниците на дел од улиците „Жданец”, „Девол”, краците од ул.„Козле”, Средно Нерези и високата зона од реонот, информира ЈП „Водовод и канализации” Скопје.

Исто така од ЈП Водовод и канализација уште вчера известија дека поради поврзување од стара на нова мрежа од Ф-1цол на Ф-80 мм на ул.Сердарот раскрсница со Ратко Митровиќ во населба Драчево, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на дел од ул.Сердарот и Ратко Митровиќ, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:20 часот до санирање на дефектот.