Штип неколку месеци чека на дозволата за квалитет за вода од Институтот за јавно здравје, а со која ќе може да ја користи водата од Хидросистемот „Злетовица“, со што ќе намалат и трошоците на комуналното претпријатие. Вложени се над пет милиони евра во новата Филтер станица, но процесот е закочен од еден документ.
Штип треба да биде најголемиот корисник на водата од Злетовица, во руралната општина Карбинци ќе се чека на изградбата на цевководот од Филтер станицата до осумте села, додека во Лозово проектот тапка во место, бидејќи претходната локална власт не ја комплетирала целосната документација, а граѓаните вода пијат од бунарски систем.
Во моментов од насјовремениот систем за водоснабдување на истокот со вода за пиење се снабдуваат Пробиштип и Свети Николе, а до 2023 година се очекува и намалување на цената.
Кредитот од првата фаза на ХС Злетовица го плаќа државата, но од 2028 година ова државно јавно претпријатие ќе треба да ги сервисира своите обврски кон државата, во буџетот треба да врати 81,5 милиони евра.
Викторија Јованова