Поради голомразица, забрана за сообраќај на патот Струга – Ќафасан

|

Поради ниските температури и појава на голомразица на коловозот, од 19:45 часот се воведува забрана за сообраќај за сите видови на возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, информираат од АМСМ.

Останува на сила забраната за тешки товарни возила на патниот правец Тетово-Попова Шапка.

На останатите патни правци низ државата, сообраќајот се одвива тековно по наместа влажни коловози и со слаби остатоци од кашест снег на коловозот на некои повисоки места.