Македонската јавност утринава се згрози од свирепото убиство на жена во Кочани, која по години поминати во уцени и изнудување на пари, го пријавила насилникот, за на крајот да заврши трагично.
Иако по овој настан општеството и јавноста со осуда се огласува на социјалните мрежи, често сме сведови особено на истите социјални мрежи, како ваквите жртви на уцени поради компромитирачки материјал се жигосувани и осудувани од општеството. На тој начин тие од жртви стануваат таргет на критики и лица кои се покажуваат како виновници за истите уцени, додека полицијата не превзема соодветни мерки да ги заштити.
Токму затоа на темава се огласи и писателот Божидар Божиновски кој постојано преку своите објави се обидува да ја крене свеста во Македонија, овојпат истакнувајќи дека нефункционалноста на институциите повторно yби, додека стигмата на општеството кое ги обвинува жртвите повторно остави деца без мајка.
“Убиcтво во Кочани, ја избoдел со нож, 41 пат и го оставил безживотното тело на улица. Убиенaтa е мајка на три деца, три деца кои сега ќе растат сами, со трауми и болки, со празнина.
Од друга страна yбиецот бил пријавуван во полиција од страна на жртвата, за закани и изнуда. Полицијата, очигледно, не презела многу. Нефункционалноста на институциите повторно yби, стигмата на општеството кое ги обвинува жртвите повторно остави деца без мајка. На сите полиња потфрламе, а поради нашето потфрлање се случуваат трагедии, се полнат гробиштата, деца растат ко сираци”, пишува Божиновски.