Малку е познато дека тие двајца при раѓањето немале проблем со видот. Но, бидејќи се родени предвреме, им било потребно извесно време да поминат во инкубатори, па од болницата во Бихаќ биле префрлени во болницата во Загреб.
За жал, само неколку дена подоцна се појавија одредени проблеми и двајцата останаа слепи. Иако не се знае точно што се случило, се претпоставува дека се работи за грешка на медицинска сестра поради која браќата останале слепи.
„Тоа е невнимание. Дали е докторка, дали е медицинска сестра, не навлегував во тоа. Тоа беше предвремено породување.“, рече Дејан со насмевка.
Се зборуваше и дека Саша има можност да си го врати видот, но дека не сака да оди на операција поради Дејан. Сепак, тој негираше.
„Не, тоа е глупост. Сакаа да ни направат некакви експерименти. Нашите родители не го дозволуваа тоа, ниту ние. Не ми се допаѓа толку многу што луѓето зборуваат на таа тема со години, а појма немаат!Двете најлоши теми кои најмалку ми се допаѓаат се: дали сум скаран со брат ми и што ми се случи со видот.Моите пријатели и луѓето кои се во постојан контакт со мене знаат како живеам и тие знаат дека го сакам овој живот најмногу на светот. Има приказна кога еден мој пријател повикал такси и го прашале: „По кој пат одиш ?“, а тој рече: „Кому му е гајле освен мене?“, изјави Саша.
И покрај овој проблем, тие се успешни и во деловниот и во приватниот живот.