Една логичка задача стави на мака голем број на луѓе кои се обидоа да ја решат. Навидум е многу лесна, но тоа ќе го сфатите дури откако ќе дојдете до одговорот.
Поврзана е со кофи и парички.
Имате две кофи со вода. Во првата температурата на водата е 25 степени Целзиусови, во другата 25 степени Фаренхајтови.
Се ставаат парички во двете кофи, истовремено, од иста висина.
Прашањето е: Која паричка прва ќе падне на дното од кофата?
Одговорот е подолу. Не го гледајте пред да се обидете сами да дојдете до него.
ОДГОВОР: Првата паричка прво ќе дојде до дното. Причината за тоа е што на 25 степени Целзиусови водата е во течна состојба, а на 25 Фаренхајтови водата се претвора во лед. Затоа, во втората, паричката нема да го допре дното.