Веќе со децении важи за една од најдобрите текстописци на овие простори, па затоа многумина пејачи често доаѓаат на нејзината врата. Марина Туцаковиќ до сега има напишано безброј хитови, кои и донесоа брдо пари низ годините наназад.
Пејачката Неда Украден во врска со Туцаковиќ неодамна раскажа една анегдота во врска со нејзиниот хит од осумдесеттите години „Зора је“.
-Песната ми ја напиша покојниот Ѓорѓе Новковиќ со кого неколку пати се скаравме околу насловот на истата. Прво ја нарековме „Јован зора је“, па потоа „Милан зора је“, а потоа конечното име „Зора је“, раскажува Украден.
Таа вели дека потоа и се јавила на Марина која напишала само еден стих, а тоа е „Суза је из ока кренула“, а неа овој стих и донесе преку 100 илјади евра.