Поради силните болки во ногата, малиот Марко го прекина маратонот

|

Марко Пејчиновски, 13-годишниот пливач, кој вечерва се обиде да го преплива т.н. триаголник Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид, во должина од 64 километри, беше принуден да се откаже од подвигот.

По четири часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро и минати 11 километри и 840 метри, Марко поради големи болки во ногата кои траеја еден час, го прекина подвигот кај Градиште.

Марко на овој сериозен подвиг се реши од хумани причини, односно за да помогне да се подигне јавната свест и грижата за лицата со ретки болести кои секојдневно водат маратонска битка за живот.

Пејчиновски не успеја во соло маратонот, но дефинитивно доби статус на национален херој, со оглед на тоа дека цела Македонија вечерва беше во исчекување на тоа како ќе заврши овој негов хуман подвиг.

“Желбата и волјата се крилја за големи дела.“

Нашиот Марко имаше силна желба и цврста волја да плива делница која е вистински предизвик за професионалните маратонци, а не за еден тринаесетгошник. Сепак, поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот.