Фотографијата на мајмунчето Лука пред неколку дена ги обиколи социјалните мрежи. На таа фотографија се гледа неговата тага бидејќи е затворен во кафез со мизерни услови. Наскоро, Лука ќе биде вратен во скопската зоолошка градина.
Оваа одлука ја донесе в.д директорот Ѓорѓи Галетановски кој информираше дека Зоо Скопје секогаш ќе биде спремна за помош на битолската зоолошка. Тој исто така рече дека тамошните власти треба да најдат решенија и да створат услови за нормален живот на сите животни.
Галетановски соопшти дека целта била Лука да живее во заедница и затоа од Скопје бил префрлен во Битола по претходно дадени сугестии од странски ментори за преселба на мајмунчето.
-Зоолошките во Европа и светот постојат за едукација и за да ги заштитат и да се грижат за опстанок на ретките видови на животни а кон тоа се стремиме и ние- завршува Галетановски.
Ова се фотографиите кои ја претставуваат вистинската слика на условите во Битолската зоолошка градина.
За среќа, Лука набрзо ќе се врати во својот дом во Скопје.