Фудбалската федерација на Македонија и Центарот за едукација во периодот од 10 до 15 мај во хотелот „Истатов“ во Дојран го организираа првиот курс за добивање на УЕФА Ц тренерска лиценца во Македонија.
Курсот го посетуваа сите 36 пријавени кои успешно ги завршија обврските поврзани со теоретско-практичната настава одржана на семинарот во рамките на групата 1.
Предавачи – демонстранти во Центарот за едукација (ЦЕ) кои го реализираа курсот беа: Небојша Марковски – СК директор на ФФМ, Ленче А. Величковска – декан на ФФОСЗ, Вујица Живковиќ – проф. ФФОСЗ, Висар Ганиу – градоначалник на општина Чаир , Жикица Тасевски – професор ФФОСЗ, Борче Христов – УЕФА ПРО, Гордан Здравков – УЕФА ПРО, д-р Илија Стоилов, Бојан Марковски – Грасрут менаџер.
Со оглед на големиот интерес и пријавените повеќе од 100 кандидати, покрај првиот, Едукативниот центар при ФФМ формираше уште две групи.
Вториот курс за Група 2 во рамките на првата генерација кандидати за стекнување на УЕФА Ц диплома се одржa во периодот од 23 до 28 мај 2022 година. Третиот курс наменет за Групата 3 се одржa во периодот од 6 до 11 јуни 2022 година. Двата курса се организираа во Хотел Истатов, Дојран.
Во последната, група 3 учество помеѓу многуте фудбалски имиња, учество зеде и Никола Попоски — македонски економист и министер за надворешни работи во периодот 2011–2017.
Поповски завршил на економскиот факултет на Скопскиот универзитет и бил стипендист на француската влада на универзитет во Ница. Магистрирал европски економски студии на колеџот на Европа во Бриж, Белгија.
Oд 2003 до 2004 работел во државната управа на руренско пристаниште, а до 2004 бил и секретар во француската амбасада во Македонија. Во 2010 година бил именуван за амбасадор на Македонија во мисијата на ЕУ во Брисел.
Toj зборува француски, англиски, италијански, холандиски и хрватски. Добитник е на „награда за посебен придонес од доменот на ЕУ политиката за проширување“, доделена од Европската Комисија.