Поранешната депонија во Мичурин сега е нов зелен парк

ИЗВОРНов Лист
|

Поранешната дива депонија во населбата Мичурин од која годинава екипите на Град Скопје расчистија 15.000 кубни метри отпад, денес е нов зелен парк за граѓаните.

Во овој парк изминативе денови беа засадени 520 нови висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја кои веќе напролет ќе развијат убави крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци. Овде е засадено и највисокото дрво за оваа сезона кое е високо 7,4 метри.

Новата јавна површина од околу 6.000 квадратни метри е поделен на прекрасен нов парк со детско игралиште и паркинг-простор кој ќе го стопанисува ЈП „Градски паркинг“ со што ќе се надмине проблемот со паркирањето на околните згради. Наскоро, паркот ќе добие и соодветно осветлување и нови рекреативни содржини.

Град Скопје продолжува со уредување на местата кои претходно биле диви депонии, а кои сега прераснуваат во мали зелени оази со цел поздрава и поубава животна средина за сите граѓани. Продолжуваме и со засилениот инспекциски надзор за да се спречи повторното создавање ѓубришта на истите места.