Жената тврди дека Де Ниро вербално ја злоставувал и ја третирал како своја “канцелариска сопруга”.
Чејс Робинсон, поранешна асистентка на Роберт Де Ниро, го обвинила актерот за “сексуална дискриминација, непријателско работно окружување и вознемирување”, а како отштета бара 12 милиони долари.
Чејс тужбата ја поднела на сојузниот суд во Менхетн, откако Де Ниро ја тужел за затајување на шест милиони долари, бидејќи, како што тврди, ја користела кредитната картичка на неговата компанија за сопствени потреби.
Инаку, Робинсон почнала да работи кај Де Ниро во 2008-ма година, како извршен асистент. Отказ дала во април 2019-та година, година и пол откако била унапредена во потпретседателка на производството и финансиите на компаниите на Де Ниро.
Сега тврди дека Де Ниро вербално ја злоставувал и третирал како своја “канцелариска сопруга”.
Во обвинението навела дека Де Ниро понекогаш бил пијан и дека викал по неа користејќи вулгарен речник, а потоа ја терал да го почеша по грбот или да му ја врзе краватата, како и дека му вршела домашни работи. Освен тоа, тврди дека во текот на работното време имал обичај да носи пижами и од неа барал да му влезе во спалната соба да го разбуди.
Наводно Де Ниро очекувал Робинсон секогаш да му биде на располагање, па таа тврди дека работела до 11 часа дневно, но дека никогаш не била платена за тоа.
Инаку, компанијата на Де Ниро во август поднела тужба од 6.000.000 долари против Робинсон, наведувајќи дека проневерила пари и дека гледала Нетфликс додека била на работа. Во тужбата е наведено дека Робинсон во јануари минала четири дена гледајќи 55 епизоди од “Friends”.
Исто така, тужбата опфаќа и тврдење дека Робинсон трошела илјадници долари за лични трошоци, патувања и ручеци во луксузни ресторани.
Покрај тоа, во тужбата се наведува и дека Чејс Робинсон присвоила 125.000 долари.
Тимот на Де Ниро по повод нејзината тужба рекол: “Тврдењата од страна на Греам Чејс Робинсон против Роберт Де Ниро се тотално апсурдни”.