|
Џена Деван, поранешната сопруга на холивудскиот заводник, Ченинг Тејтум, чека бебе со момчето Стив Кази.
Нејзината 6-годишна ќерка, која ја доби во бракот со познатиот актер, наското ќе добие сестра или брат.
Преубавата актерка објави неколку фотографии на својот Инстаграм профил, за да ја сподели радосната вест со фановите.
„Да се биде мајка едноставно е најневеројатната работа која ми се случила во животот. Стив, ти си подарок од Бог и не можам да не бидам возбудена што заедно работиме на проширување на семејството“, напиша Џена.
Стив на неговиот профил исто така ја споделил радосната вест и покажал колку е среќен со актерката.