Поранешната водителка на „Бекстејџ“ ги распамети фановите: 5 месеци по породувањето е во одлична форма

|

Манекенката и поранешна водителка на „Бекстејџ“, Мартина Михајловска, изгледа неверојатно пет месеци по породувањето.

Таа на својот Инстаграм профил објави предизвикувачка фотографија во бикини, а кој би рекол дека таа неодамна стана мајка.

Инаку, Мартина досега не објави целосна фотографија од нејзината ќерка, односно само еднаш објави фотографии од нејзините мали нозе.

Меѓутоа, затоа сподели целосна фотографија од својата нова форма.

Фотографијата зборува многу повеќе за нејзиното извајано тело кое одзема здив.

За потсетување, Мартина и охридскиот бизнисмен, Виктор Илоски, запливаа во брачните во октомври претходната година.