После се што и се случи на Јелена Карлеуша, таа реши времето да го поминува со сопругот Душко Тошиќ, но сосема случајно се најде на исто место, како нејзиниот поранешен избраник.
Имено пејачката со ќерките Атина и Ника отиде во Дубаи, ден после Душко, а од тогаш објавува снимки и фотографии од таму.
Во Дубаи стигна и Бојан Кариќ со своето семејство и така се погоди во исто време да престојуваат на исто место.
Инаку Карлеуша во септември 2004 година се омажи за Бојан, а само после неколку месеци нивниот брак се заврши.
Српските медиуми инаку пишуваат дека српската турбофолк пејачка по скандалот ја зголемила цената за настапите. Така пред некоја вечер во клуб во Виена настапила за 20 000 евра, а претходно добивала по 12 000.
Таа ќе настапи и во Амстердам викендов, така што за само два дена ќе заработи 40.000 евра, зашто сите сакаат да ја видат.
Според медиумите, до крајот на годината би можела да заработи и до милион и пол евра.
Таа објави и нов албум, кој на музичките платформи има милионски преглед за само неколку дена. Карлеуша профитираше и на Инстаграм, каде сега ја следат два милиона фанови.