Иван Маринковиќ ги подмири долговите во износ од 410.000 динари кои по судски пат од него ги бараше поранешната сопруга Гоца Тржан за неплаќање на алиментација. Со ова е завршен процесот кој што беше покренат пред пола година, а Иван по трети пат беше осуден за истото кривично дело. На бившиот учесник во „Парови“ му се закануваше затвор, но со оваа уплата успеа да ја избегне истата. Адвокатот на Маринковиќ кажал дека после ова тој ќе бара да го гледа своето дете, но ќе продолжи и да плаќа алиментација.
„Судењето беше одложено за септември, но нема да има потреба од такво нешто затоа што Иван ги подмири обврските. Го уплати целиот износ и ќе пробаме да се договориме со Гоца во иднина да нема вакви тужби. Човекот немаше пари, веднаш штом заработи, плати се што должеше, нема потреба од тужби и слично. Ќе бараме и Иван да може да го гледа своето дете, досега тоа му беше забрането поради неплаќањето на алиментација, но и тоа мора да се среди“, рекол адвокатот.
Меѓу Гоца и Иван се води уште еден судски спот, и тоа за станбен кредит.
„Ќе го решиме и тоа наскоро, би требало да се тргне хипотеката од покојната мајка на Иван. Тој можеше да ја тужи Гоца за тоа, но не е злобен“, додал адвокатот.