Некогаш сите ги сакавме нејзините песни – Пејачката сега решила да живее во село

ИЗВОРНов Лист
|

Во 1990-тите важеше за една од најпопуларните пејачки, а сега живее на село.

Ивана Банфиќ своевремено ги сними големите хитови  “Imam te”, “Navodno”, “Godinama”  и многу други. Освен по моќниот глас, Ивана беше препознатлива и по добриот изглед. Во зенитот на својата најголема слава, таа се повлече од јавниот живот и се посвети на приватниот живот.

Пејачката денес е во среќен брак со Крун Ладишиќ, продуцентот на една телевизија, со кој го има синот Јан. Својот мир го нашла во едно село во Хрватска, но се уште пее, но повеќе е посветена на семејниот живот, готвењето и патувањето.

Пејачката редовно ги информира своите следбеници за се на Инстаграм, каде објавува фотографии од секојдневието, од егзотични дестинации, па дури и додека ја чисти шталата.