Потврдени уште 30 нови случаи позитивни на КОВИД- 19. Вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица.
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 384 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 195
Куманово – 62
Дебар – 47
Штип – 15
Прилеп – 21
Тетово -13
Струга – 9
Велес – 6
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 1
Гевгелија – 2
Струмица- 1
Крива Паланка – 2
Кочани – 1
Во изминатото дено-ноќие направени се 342 теста, од кои: преку ИЈЗ – 177, преку Ветеринарен факултет – 20, преку Авицена – 21, преку Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 100.
Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19.