|
Познатиот музичар и продуцент Александар Митевски можеби не е многу присутен во јавноста и повеќе се посвети на продукцијата на музика отколку на пеењето, но фановите често можат да го видат на заеднички настапи со Драган Спасов-Дац.
За неговиот приватен живот многу малку се знае, затоа што тој не сака да го експонира, но деновиве тој јавно и го честиташе роденденот на својата помала ќерка Мања, која наполни 16-ет години.
– Мојата помала ќерка Мања денес 16. Времето лета – напиша тој и сподели две фотографии од неа кога била помала.
Погледнете како таа изгледа денес: