Пороен дожд, град, ветер и грмежи- УХМР со иформации какво време не очекува деновиве

|

Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди.

Во попладневните часови повремено ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со краткотраен силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Денес во текот на претпладнево ќе биде постабилно и со повеќе сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста кога ќе има услови за локален дожд, локално ќе биде нестабилно со услови за пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 24 степени.

До крајот на викендот ќе биде променливо облачно и топло време со сочеви периоди.

Од понеделник ќе биде постабилно и малку посвежо.