|
Под влијание на влажен бран во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе преовладува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.), што ќе услови значително намалување на дневната температура за пет до осум степени.
Од вторник ќе преовладува умерено облачно време со услови за локален слаб дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Се препорачува во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.