Портите на ИТ светот беа отворени за најмалите од прво и второ одделение

ИЗВОРСкопје24
|

Во вторник, 23. април и четврток, 25. април, вратите на Мајкрософт Македонија беа широко отворени за да ги пречекаат супер хероите на иднината. Во нивна посета беа околу 100 дечиња од неколку основни училишта од Скопје.

„Секојдневните супер херои се луѓето околу нас. Тие го движат светот. Секое нивно дело е капка во океанот на промената. За експоненцијално да се зголеми нашиот развој деновиве ги отворивме портите на ИТ светот за најмалите.“, рече Љупчо Георгиев, Генерален директор на Мајкрософт за Македонија и Косово за посетата на дечињата од прво и четврто одделение. Според него и Мајкрософт, темелите за развојот на општеството се поставуваат сега и затоа тие при посетите уште од најрана возраст ги внесоа во светот на ИТ. Во забавна и интересна атмосфера им беше посочена разликата помеѓу софтвер и хардвер, им покажаа како најголемите професионалци пишуваат во Word и заедно сите играа Minecraft, една од најинтересните и наједукативните видео игри во светот.

Децата беа на возраст од 7 до 12 години и иако оваа возраст за постарите генерации изгледа ниска за овие науки, светот покажува друг тренд. Според истражувањата нивниот интерес за компјутерите значително се разгрева на 9 и 10 години и тие се клучните години за новите генерации.