Маркетиншките трикови не се ништо ново, но сигурно не сте помислиле дека и мрежите во кое е пакувано овошјето спаѓа во нив.
Дали сте забележале како портокалите и мандарините се секогаш спакувани во црвени мрежи, а не, на пример во виолетови?
Не се работи за случајност, туку за маркетиншки трик кој им помага на произведувачите нивниот плод да изгледа порумен. На тој начин, портокалите и мандарините изгледаат посочни и поголема е веројатноста да ги купите.
Лимоните исто така, намерно се пакуваат само во жолта или зелена мрежа, а никогаш во црвена.
Во црвена би имале портокалов отсјај, како да се стари и скапани.