Посебен режим на сообраќај во Скопје: Затворени за сообраќај следниве улици

ИЗВОРНов Лист
|

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека за време на ненајавените протести пред Собранието на Република Македонија, денеска 14.07.2022 година ( четврток) ,затворени за сообраќај се следниве улици: ул.“11-ти Октомври“ на потегот од бул.“Кочо Рацин“ до ул.“Димитрије Чуповски“ и ул.“Даме Груев“ на потегот од ул.“Македонија“ до ул.“11-ти Октомври“, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.