Температурата во Минеаполис и Северна Дакота конечно се искачи над нулата, после силните минусни температури кои го погодија зеверозападниот дел на САД.
Прогнозирано е достигнување на температурата и до 25 степени Целзиусови.
Експертите предупредуваат дека наглото топење може да доведе до пукање на цевки, патишта и изливање на реки.
Само неколку дена после арктичкиот ладен бран на Средниот Запад во САД, метеоролозите предупредуваат дека истото подрачје ќе премине во друго годишно време, со температури кои ќе се зголемат за дури 80 степени.
„Мислам дека досега немало случај на волку големи промени на температурата за време на зимата“, рекол метеорологот Џеф Мастерс.
„Промената на температурата која и во минатото се случувала, не била со волкав интензитет. Сега нè очекува температура како да е пролет.“
Големото заладување однело најмалку 18 животи.