Поранешен поштар од Италија, кој дал отказ во 2017 година, рекол дека не ја испорачувал поштата три години затоа што земал многу мала плата. Сега, тој се соочува со казна откако полицијата кај него пронашла 400 килограми неиспорачана пошта во неговата куќа во Торино.
Полицијата соопштила дека 33-годишниот маж, чие име не го открива, им рекол дека неговата плата била мала и затоа не ја доставувал поштата. Тој бил откриен при рутинска проверка на сообраќајната полиција. Во неговиот автомобил бие откриени 70 писма на задното седиште.
Полицијата во неговиот дом подоцна пронашла 40 кутии со пликоа и пакети, банкарски известувања, сметки и друга приватна кореспонденција. Тој сега се соочува со обвиненија за кражба, за проневера на службата.
Како што пренесува „Гардијан“ ова не прв ваков случај во Италија. Во јануари, 56-годишен маж беше приведен откако кај него беа пронајдени 500 килограми неиспорачана пошта од 2010 година.