Поскапеа патарините во соседството

ИЗВОРСкопје24
|

Парламентот на Србија ја усвои измената на Законот за надомест за користење на јавните добра.

Ова значи дека патарините на сите патни правци во Србија поскапуваат за 12 отсто, а од работната група која го подготвуваше нацрт законот наведуваат дека со ова зголемување се прави делумно согласување со барањата на Европската Унија со што цената на патарината ги покрива реалните трошоци за одржување на патната инфраструктура.

Според новиот ценовник, патарината од Нови Сад до Белград би чинела 235 динари наместо досегашните 210 динари, а од Белград до Суботица ќе мора да платите 627 динари наместо досегашните 560 динари.