За првпат од крајот на октомври минатата година денес барел нафта се продава за повеќе од 75 долари. На растот на цената на нафтата влијае најавата за построги санкции на САД кон Иран. Цената на нафтата брент од вчера до денес е зголемена за 78 центи, па барел нафта се продава за 75,35 долари. Американската лесна нафта поскапе за 19 центи и денес барел се продава за 66,08 долари.
Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 3,21%, а наскоро, во понеделник се очекува нова одлука и нови цени.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 3,00 денари/литар, односно за 2,50 денари/литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 денари/литар.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 1,50 денари/литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)
изнесува 51,00 денар/литар.