Компанијата Макпетрол на својата интернет страна објави дека од ноќеска на полноќ, горивата на нивните бензински пумпи ќе се продаваат по нови цени. бензиниот „Супер 95„ и „Супер 100“, поскапуваат за еден денар, а дизелот ќе се продава поскапо за два денара.
Според објавата на Макпетрол:
„Макпетрол“ АД Скопје ги информира своите потрошувачи и пошироката јавност за новите малопродажните цени на одделни нафтени деривати кои ќе важат на бензинските станици на „Макпетрол“ АД Скопје, а ќе се применуваат од 00:01 часот на 21.5.2019 година и тоа:
– Ultra 95+ Economy ќе се продава по цена од 72,00 денари за литар;
– Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 74,00 денари за литар;
– Ultra Diesel Green Power ќе се продава по цена од 66,00 денари за литар;
– Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 67,00 денари за литар;
– Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,50 денари за литар.
Претходно најмоќниот ланец на бензиски ги имаше следниве цени: Ultra 95+ Economy по цена од 71,00 денари за литар;
– Ultra 100 Race Pro по цена од 73,00 денари за литар;
– Ultra Diesel Green Power по цена од 64,00 денари за литар;
– Ultra Diesel Bio Power по цена од 65,00 денари за литар;
– Екстра лесното ќе се продава по цена од 54,00 денари за литар, информираат од Макпетрол.
– Согласно нашите пресметки, кога цените на нафтените деривати би се определувале по старата методологија, истите би биле повисоки од горенаведените цени кои се определени согласно Методологијата применета од „Макпетрол“ АД Скопје, соопштија тогаш.
„Макпетрол“ АД Скопје ќе продолжи и во иднина да работи со желба да овозможи најдобар квалитет на нафтените деривати и услугите за сите наши потрошувачи по најповолни цени, се вели во соопштението на Макпетрол.