Имаме продолжен викенд. Македонија вчера го празнуваше денот на Светите браќа Кирил и Методиј кои се основоположници на словенската писменост.
Согласно Законот за празници петокот беше неработен ден, што овозможи продолжен викенд. После овој празник, следен неработен ден е вторник, 4 јуни, Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.
Ова се неработните денови во 2019 кои ни останаа: 04 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 2 Август (петок), Ден на Републиката, 8 Септември (понеделник), Ден на независноста, 11 Октомври (петок), Ден на народното востание, 23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба, 8 Декември (недела) и „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)
***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.
За граѓаните од православна вероисповед: 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден и 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед: 1 Ноември (петок), Празникот на сите светци и 25 декември (среда), првиот ден на Божик. За граѓаните од муслиманска вероисповед: 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука. За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.