Просечната бруто-плата во западногерманските провинции изнесува 4.013 евра месечно, а во источниот дел на земјата 3.173 евра. Ако го споредиме ова со Македонија каде што просечната бруто-плата е 582 евра, ќе дојдеме до заклучок дека бруто-платата во Западна Германија е точно 6,8 пати поголема од македонската, пишува порталот галама.мк
Најголем пораст на платите е забележан во секторот за недвижнини, култура и забава, додека заработката во образованието и во некои други услужни сектори заостанува зад просекот.
Реалната заработувачка во Германија се зголеми за 1,5% во третиот квартал, што е највисок раст за две години, според податоците објавени денеска од германската статистичка служба.
Истовремено, номиналната заработка се зголеми за 3,6 отсто во периодот јули-септември во споредба со истиот квартал лани, што е највисок раст од вториот квартал на 2011 година.
Потрошувачките цени се зголемија за 2,1 отсто во однос на истиот период лани. Германската централна банка Бундесбанк ја намали прогнозата за раст на германската економија за оваа година на 1,5 отсто од 2 отсто минатата година и 1,6 отсто на 1,9 отсто за следната година.