Последно лето за дискотеките во парк: Сите ќе бидат срушени поради новиот забавен парк

ИЗВОРСкопје24
|

Летните дискотеки во Градскиот парк ќе се уриваат и на нивно место ќе се наоѓа новиот забавен парк, објавува СДК.МК.

Според проектот, паркот ќе биде на површина од 26.000 метри квадратни, односно освен просторот на сегашниот луна парк, ќе се прошири и на местото на летните дискотеките. Поголема површина за новиот забавен парк како што објаснуваат од кабинетот на градоначалникот Шилегов е потребна бидејќи во него нема да има реквизити само за деца, туку и адреналински содржини за возрасни.

Како што најави Шилегов на презентацијата на проектов летово ќе почне постапката за проектирање и набавка на реквизитите, што значи на есен ќе се уриваат дискотеките.

– СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ ЗАБАВЕН ТЕМАТСКИ ПАРК ШТО ЌЕ ГО СТАВИ НА ТУРИСТИЧКАТА МАПА НА РЕГИОНОТ, КАЖА ШИЛЕГОВ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ

Целата вест прочитајте ја на СДК.МК