Посната пита со пиво од готови кори е најбараниот специјалитет

|

Посната пита со пиво од готови кори е посебен специјалитет, а тоа го потврдуваат сите што ја пробале. Се приготвува многу едноставно и брзо, па нема да ви одземе многу време, но затоа ќе ги направите среќни сите членови на семејството. Вкусот е феноменален и никој не може да остане само на едно парче.

Состојки:
400 до 500 г праз
500 г шампињони
500 г готови кори за пита
600 г компири
масло
сол
бибер

За потопување на корите:
50 мл масло
150 мл пиво

За преливање:
50 мл масло
180 мл пиво

Приготвување:
Исечкајте го празот на ситни парчиња и пропржете го малку на тавче, а потоа додајте ги иситнетите шампињони. Продолжете со пржење додека испари вишокот вода од печурките.

Изрендајте компир и додајте го во тавчето, па продолжете да пржите додека омекне. Потоа, додајте сол и бибер по желба, сето тоа измешајте го и оставете го филот да се олади.

Измешајте масло и пиво за да добиете течност за потопување на корите. Ако корите се тенки, спојувајте ги по две, во спротивно филувајте ги една по една, откако претходно сте ги потопиле.

На крајот, измешајте ги пивото и маслото што сте ги оставиле на страна за преливање и оставете ги да зовријат. Добро потопете ја пивата со зовриениот прелив.

Питата се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, а по 15 минути намалете ја температурата на 180 степени и оставете ја во рерна додека зарумени.