Поставете ги во домот: Овие пет предмети привлекуваат просперитет според фенг шуи

|

Фенг шуи е популарна кинеска филозофија која го нагласува просторот и распоредот на предметите во куќата бидејќи се верува дека тоа влијае на протокот на енергија, благосостојба и хармонија.

Клучот за оваа филозофија е дека треба да имате пет природни елементи во куќата – вода, метал, оган, дрво, земја – за да ја балансирате вашата енергија.

Оние кои веруваат и практикуваат фенг шуи филозофија споделуваат со нас кои пет работи мора да ги имате дома за да ја зголемите можноста за напредок во работата, љубовта, но и здравјето.

Се верува дека овие предмети го подобруваат протокот на енергија низ домот:

Огледало – Многубројни народи ги поврзуваат мистичните дејства со оваа тема, а фенг шуи особено го нагласува неговото изразено својство на енергетски проводник. Но, многу е важно каде ќе го ставите огледалото! Голема грешка ќе направите ако огледалото го поставите онаму каде што би го рефлектирало прозорецот или влезната врата, треба да обрнете посебно внимание на тоа како ќе го поставите огледалото во ходникот.

Ароматични предмети- Мирисите можат да предизвикаат одредени емоции, да не потсетуваат на убави или помалку убави моменти од минатото и да создадат пријатна атмосфера во собата. Миризливи свеќи, есенцијални масла, миризливи стапчиња се одличен избор доколку сакате да направите позитивни промени во домот.

Светилка – Светлината што ја емитуваат светилките се смета за замена за елементот оган. Ако вашата куќа е свртена така што немате доволно природна светлина, треба да набавите светилка која ќе го компензира недостатокот на светлина. За правилно насочување на позитивната енергија се препорачуваат ламби и други светлосни емитери со кружен облик.

Предмети за организирање на нештата – Работите организирани и поставени на место можат да го привлечат здравјето и благосостојбата на семејството. Шкафчињата за поставување работи и други предмети кои се користат за тоа ќе ви го расчистат просторот. Покрај тоа, се препорачува на секои два или три месеци да се ослободувате од непотребните работи.

Растенија – Растенијата во домот носат бројни придобивки, покрај тоа што имаат смирувачки ефект и се одлични прочистувачи на воздухот. Растенијата во просторијата во која живеете носат духовна хармонија, но и овде е клучно да ги поставите на вистинските и специфични места.