Постигнат е договор, минимална плата ќе биде 18 илјади денари – еве од кога

|

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на социјалните мрежи објави дека е постигнат договор со Сојузот на синдикати и работодавачите.

„Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите.

80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари.

Оваа сума, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно.

Ветивме и реализираме мерки кои директно го помагаат животниот стандард. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на финансиска поддршка на граѓаните“, објави Ковачевски.