Постои ли овој германски град или не – прашање за милион долари

ИЗВОРСкопје24
|

Германскиот град Билефелд, кој одамна е тема на полушеговита теорија на заговор која тврди дека градот, всушност, не постои, нуди голема награда за оној кој ќе докаже дека таа теорија е точна.

Властите на Билефелд, како што пренесе itv.com,  изјавија дека ќе му дадат милион евра на оној кој ќе изнесе цврсти докази за непостоењето на градот.

Тие наведоа дека „нема ограничување на креативноста“ на учесниците во овој своевиден конкурс, ама дека за наградата ќе бидат земени предвид само неотповикливи докази.

Идејата дека Билефелд не постои прв ја инесе компјутерскиот стручњак Аким Хелд, кој сакајќи да ги исмее теорите на заговор на интернет го објави тоа сатирично тврдење во 1994 година.

Дури и германската канцеларка Ангела Меркел еднаш на шега го доведе во прашање постоењето на Билефилд, градот кој наводно се наоѓа на околу 330 километри западно од Берлин.