Посвежи утра, преку ден сончево и топло, од понеделник температурен шок

|

Утрото свежо, преку денот сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 11 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 21 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност со максимална дневна температура од 28 степени.

Во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а релативно топло преку денот. Во текот на ноќта кон понеделник се очекува продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата, особено во северните делови.

Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за локален дожд. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник јужен ветер.