Потребни ви се само две состојки – испрскајте по ѕидовите и веќе никогаш нема да се појави мувла

ИЗВОРСкопје24
|

Ако сте во потрага по решение за вашиот проблем со мувлата – денес е вашиот среќен ден!

Ова е еден едноставен метод за кој ви се потребни само две состојки, а кој ќе ви помогне да ја отстраните опасната мувла и непријатната миризба од машината за перење, од аглите во бањата и било кое друго место каде таа се појавува.

Постапка:

Измешајте 2 лажички масло од чајно дрво со две чаши вода. Течноста складирајте ја во шише со распрскувач.

Потоа можете да ја користите оваа смеса и да ги испрскате сите зафатени области.

Оставете смесата да делува, а потоа избришете. Навистина функционира!

Влага и мувла во домот, се најголем кошмар на секое семејство, но постојат природни и лесни начини да се спасите од нив, еве уште неколку од нив:

Алкохолен оцет

Ставете во шишенце и попрскајте на зафатената област и оставете да отстои. За да не ви мириса оветот може да ставите и неколку капки етерично масло или лимон.

Сода бикарбона

Таа сама по себе е одлична за чистење, помешајте со вода или оцет и со крпа исчистете ја мувлата.

Семки од грејпфрут

Во 450 мл вода додадете 20 капки масло од семки од грејпфрут, промешајте и испрскате. Нека отстои, нема потреба од пребришување со крпа.